send link to app

Potrosuvaci MK


4.4 ( 3104 ratings )
Économie et entreprise Actualités
Développeur Darko Spasevski
Libre

Проектот „Чувар на правдата за потрошувачите: Зајакнување на капацитетите на граѓанските организации и медиумите за мониторинг, промоција и застапување на заштитата на потрошувачите во Северна Македонија“ го спроведува Институтот за стратешки истражувања и едукација – ИСИЕ од Скопје во периодот декември 2019 – декември 2020 година.
Целта на проектот е да ги зајакне капацитетите на граѓанските организации и медиумите за подобро следење и известување за постапките за решавање на потрошувачки спорови. Проектот особено е насочен кон постапувањето на различните регулаторни тела и агенции, како и инспекциски органи, при разрешување на спорови на потрошувачи. На локално ниво, проектот ќе придонесе за порамномерен општествено-економски развој преку унапредување на локалната инфраструктура на помалку развиените општини и поддршка за нови вработувања.
Подготовката на оваа мобилна апликација е поддржана од Шведската агенција за меѓународна развојна соработка (Sida) преку Проектот „Нордиска поддршка за напредок на Северна Македонија“, имплементиран од Канцеларијата на Обединетите нации за проектни услуги (УНОПС). Содржината на оваа апликација е единствена одговорност на Институтот за стратешки истражувања и едукација (ИСИЕ) од Скопје и на никаков начин не може да се смета дека ги одразува гледиштата на СИДА, Секретаријатот за европски прашања на Владата на Северна Македонија и УНОПС. Репродукцијата е дозволена за некомерцијални цели со наведување на изворот.